Најнови вести

ЦИВИЛ Медиа: Кои се Вашите следни филмски проекти? Дали подготвувате некој проект овие денови? МАНЧЕВСКИ: Завршив еден краткометражен експериментален филм, кубанско-американска копродукција, КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО, кој веќе играше на десетина фестивали и освојува награди. Го снимив додека предавав на филмската академија во Хавана, како еден од првите американски уметници кој дојде во Куба уште пред обновувањето на дипломатските односи меѓу Куба и САД. Завршив и долгометражен филм, БИКИНИ МУН, во Њујорк, кој допрва ќе ја има светската премиера. Како што гледате, работам филмови по светот. Додуша, и сите мои претходни македонски филмови беа европски копродукции, во кои учествуваа Британија, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Бугарија и Еуроимаж. Една од причините зошто сега воопшто не снимам во Македонија е тоа што тука власта ме стави на црна листа. Ама, иако се промени власта, не очекувам да се промени односот на културниот естаблишмент кон мене. Нивниот однос кон мене (ама и кон други успешни луѓе) не е предизвикан од идеологијата, туку од зависта, од фактот дека не припаѓам на ниту една банда, и од фактот дека го потсеќам културниот естаблишмент на нивната ништожност. Џабир Дерала фотографија: Маја Ивановска

16/08/2017 0

Македонија

MUSIC MAKERS

РЕКЛАМИ

Investment logoproperty logo

CSB LOGO

blank-shield-md

No automatic alt text available.

Реклама

TWEET НА ДЕНОТ

НЕДЕЛНА ЛЕКТИРА

Адонис

Зрцало сна

НА НАШ ПРЕДЛОГ

ВИДЕО